|

Британското разузнавање: Се исплати да се приклучиш на руската армија, Путин добро плаќа

Во најновиот разузнавачки извештај, Министерството за одбрана на Велика Британија тврди дека воената служба во руските вооружени сили станала профитабилна од почетокот на целосната инвазија на Русија минатиот февруари.

Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 29 August 2023

Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/nSWXfviLbk

#StandWithUkraine pic.twitter.com/I7HUGt2OsV

— Ministry of Defence (@DefenceHQ) August 29, 2023

„На 4 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека еден поручник добивал 81.200 рубли месечно. До октомври 2022 година, тој најави дека дури и мобилизираните војници ќе добиваат 195.000 рубли месечно. Многу помлади рангови кои служат во Украина сега заработуваат повеќе од 200.000 рубли месечно. Тоа е над 2,7 пати повеќе од руската национална плата од 72.851 рубљи“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

„Многу е веројатно дека платата и дополнителните бенефиции се силен поттик за вработените да се приклучат, особено оние од посиромашните области на Русија. Сепак, се уште е мала веројатноста дека Русија ќе ги исполни своите цели за регрутирање волонтери“, додаваат тие.

Рускиот претседател нареди делумна мобилизација минатиот септември за зајакнување на руските сили. Тогаш беше објавено дека Русија планира да повика околу 300.000 резервисти, односно луѓе кои поминале воена обука и, како што нагласи Путин, ги поседуваат специјалистичките вештини потребни на руската армија во војната во Украина.

Слични Објави