БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО ИТАЛИЈА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 11 ЛИЦА
Сите жртви биле туристи кои ги истражувале клисурите во Националниот парк Полино.
Бројот на жртвите од поплавите во јужна Италија се зголеми на 11 лица. Таквата изјава беше дадена во вторник, 21 август, од страна на шефот на службата за цивилна заштита во провинцијата Калабрија, Карло Тансу.
Според него, идентитетот на сите жртви е веќе откриен. Тоа биле туристи кои ги истражувале клисурите и кањоните во Национален парк Полино. Уште 11 лица се во болници. Состојбата на пет од нив е оценета како критична. Уште пет лица се водат како исчезнати.
Претходно беше соопштено дека во петокот, 17 август, италијанската провинција Козенца била погодена од поројни дождови што предизвикале прелевање на планинската река Раганело.
Во моментов, операцијата за спасување во оваа област продолжува. Се верува дека може да има и други туристички групи во националниот парк. Исто така, постојат стравувања дека водата ги има однесено луѓето во море, објави АНСА.
