|

РУСИЈА РАЗВИВА ПРОТОТИП НА АВИОН ШТО ЌЕ ПОЛЕТУВА ВЕРТИКАЛНО

Прототип на авион со вертикално полетување се развива во Русија по нарачка на шефот на државата, рече заменик-премиерот Јуриј Борисов.

„Овој проект е вклучен во државната програма за вооружување и се спроведува од името на Врховниот командант. Во тек е развојот на концептите за новите модели – прототипи. Несомнено, ова ќе биде иднината за сите носачи на авиони, ќе биде потребна нова флота на авиони – за таа цел ќе се користат различни технологии кои овозможуваат кратко полетување или слетување или едноставно вертикално полетување”- рече тој.

Минатата година, Јуриј Борисов, кој тогаш беше заменик-шеф на Министерството за одбрана, рече дека Русија планира да создаде авион со вертикално полетување специјално наменет за авионски носители. Ова, како и други воздухопловни летала ќе ја заменат сегашната палубна авијација.

 



Слични Објави