ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги игнорира легитимните барања на просветните работници и враќа со притисоци и понижувања

/

Власта на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги понижуваат вработените во образованието. Еднаш тоа го прават со притисоците, заканите и заплашувањата, а од друга страна ги игнорираат нивните барања за покачувања на платите согласно колективен договор, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека оправдани и легитимни се барањата за повисоки плати на просветарите. Покачувањето на платите кое го нуди владата не може да се покрие ни два дена пазарење од продавниците. Инфлацијата само во месец март достигна до 8,8%, маслото за јадење е поскапено 100%, лебот 110%, горивата за околу 80%, струјата за 30% и сите останати основни животни трошоци.



И сега кога наставниците, негувателките и професорите бараат повисоки плати власта на СДСМ и ДУИ им велат дека немало пари, а во исто време милиони евра завршуваат на криминални физибилити студии, за кафиња, цвеќиња, фстаци и хотелски услуги. Криминалците од власта не сакаат да се откажат од парите кои може да ги трошат за своите удобства, се вели во соопштението.

Претходна статија

Македонскиот џез состав Сетстат ќе настапи на фестивалот Аларма панк-џез во Софија

Следна статија

Зеленски: Украина веќе би ја завршила војната доколку имаше подобро оружје

Најново од Вести