| |

(ВИДЕО) ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ КАКО ИСТОРИЧАРОТ МИЛАН ПРОТИЌ И НОВИНАРОТ МИРОСЛАВ ЛАЗАНСКИ ПРЕД 3 ГОДИНИ ЈА НАРЕКУВАА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ВЕШТАЧКА И ТВОРБА НА ТИТО

Во емисијата „Кирилица“ на ТВ ХЕПИ, пред 3 години, српски историчари и новинари зборувајќи за Македонија велат дека е слаба и вештачка држава, која е создадена во последниот пола век, а Македонците ги измислил Тито.

„Како Македонија настанала? Не знаеме како настанала? Да не ве потсетувам јас. Оваа е една слаба и вештачка држава, секако дека е подложна на вакви искушенија. Кој и да знае барем малку историја, ќе знае дека слабата точка на Балканот е Македонија, а не Босна. Тоа е точка во која се спојуваат интересите на Бугарија, Србија, Грција, а сега и Албанија. Каква е тоа нација? Па Македонците ги измисли Тито. Тито им измисли јазик, црква, идентитет. Они се создадени во последниот пола век“, вели српскиот историчар Милан Протиќ.

Тој прашува каква е таа држава, на која соседите не и признаваат име, јазик, националност и црква.

„Ние Македонија ја признавме. Македонија има реален проблем. Грција не и го признава името, Бугарија не им го признава ниту јазикот, ниту националност, Србија не и ја признава црквата. Каква е тоа држава,“ прашува Протиќ.

Во прилог видео од целата емисија.

Слични Објави