Комисијата за дискриминација со препорака до Сашо Тасевски да се извини на бугарската заедница заради говор на омраза упатен кон неа

//

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење, а по претходно изјавената Претставка од Здружението ДЕЛО Скопје против лицето Сашо Тасевски, заради ширење говор на омраза на социјалната мрежа Facebook и Youtube, при што Комисијата утврдува вознемирување и повикување,поттикнување и инструкција за дискриминација врз бугарската етничка заедница од лицето Сашо Тасевски во областа на јавно информирање и медиуми.

Како мерка Комисија предвидува ПРЕПОРАКА при што препорачува Сашо Тасевски да ги избрише спорните содржини и да упати јавно извинување на својот Facebook профил и Youtube канал кон бугарската етничка заедница и за истото да ја извести Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во рок од 30 дена. Исто така Комисијата препорачува лицето Сашо Тасевски во иднина да не објавува содржини кои повикуваат или поттикнуваат дискриминација, ниту содржини кои продуцираат вознемирувачка содржина. Во спротивно субјектот доколку не постапи по препораката, Комисијата ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци по член 27 став 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.



Извор: Добрососедство



Претходна статија

Одбележан Денот на мултипла склерозата – Град Скопје со поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста

Следна статија

Jугословенистите ќе ја цементираат југословенската иднина на Македонија*

Најново од Вести