Jугословенистите ќе ја цементираат југословенската иднина на Македонија*

//

Facebook статус на Арсим Зеколи

Во времето кога се обидував да укажам на сомнителните молчења за текот на преговорите со Грција, за дипломатските солирања, за обидите за прерипување на хиерархијата за себеиздигнување на премиерско ниво, за недефираноста на клаузулите и логичноста дека екстра-барањата ќе бидат на наша адреса, одговорите беа потсмев, сарказам и карактерни атаки.
Повеќето од тие кои тогаш мастурбираа за нивните епохални успеси, денес се вдадени во дигање паника за катастрофата која се наближува. Во тоа сме согласни.

Оние кои укажуваат на 999 причини за бивање контра и 999 слабости, не сакаат да ја согледаат капиталната аргументација која тежи 999 пати повеќе од нивните “загрижености”. Па затоа, да им дадам повторно еден аргумент за презирно исмевање, сарказам и чаталење.

Ги прифаќам сите ваши аргументи против договорите. Под услов да предложите ваша стратегија, ваш план, конкретно аргументиран и образложен со јасни цели и датуми. Доколку ги немате, и тоа е во ред. Тогаш условот е вие лично да ја прифатите одговорноста за она што ќе следи доколку ви успее намерата за саботажи.

А она што ќе следи е следното:
Засилено иселување на оние кои го немаат луксузаот да профитираат од “гордоста” и “зачувувањето на националните интереси”.
Некогашниот мониторинг ќе биде субституиран со соседски мониторинг како гаранција за интегритетот на територијата на земјата.
Засилени позиции на Бугарија во однос на идентитетските прашања кои (по аргументите на Русија против Украина) ќе бидат интернационализирани и се знае на чија штета.
Доминацијата на атавистичкиот профитеризам на југо-српскиот естаблишмент ќе биде пречекан со засилена сегментизација преку пролиферација на сосема други наративи со цел јакнење на демократизацијата на “јавноста”.
Депопулацијата на земјата (т.е. територијата) ќе донесе до радикални измени на странската инвестициона визура согласно демографските промени.
Имобилизацијата на Македонија од безбедносната закана по регионот ќе ја сведе на статичен актер а соседите на активни партиципиенти кои пред и од меѓународната заедница ќе умеат да извлечат профити за нивниот конструктивен ангажман.
Територијата ќе биде сведена на небо за прелегти и земја за маневри но без директно присаство поради нихилистичкиот изолационизам на патриотштината.
Инсистирањето на историјата од наша страна ќе биде рамнодушно прифатено од странските фактори кои ќе и препуштат на предвидливата иднина да ја смени состојбата на теренот.
Вократко, југословенистите ќе ја цементираат југословенската иднина на Македонија, бидејќи толку знаат, толку умеат, толку ја сакаат земјата доколку тие не се фактори на одлучување.
Затоа, сите ставови на ВМРО, на Бранко, на Левица, на “јавноста” се прифатливи. Демократски изнесени за последиците од прифаќањето на договорите. Она што ниеден од нив не сака да се збори е нивниот директен придонес во креирањето на состојбите кои донесоа да нашите позиции во преговорите бидат такви како што беа.
Тие за тоа не сакаат да се збори.
Што е сосема нормално.
Бидејќи доколку збориме за нивните лидерски, стратешки, дипло-манекенски политики врз кои си ги изградија имиџите на “модели на политичари, државници и манекен-дипломати”, тогаш сосема јасно ќе исплива на површина каква финално-погубна иднина ја чека Македонија. За која, повторно тие, ќе ги обвинуваат или соседите, или НАТО, или Америка, или курвата Европа или Ватикан. Едноставно, тоа е логиката на југословенството – живеење во кредит и палење на земјата за да се скрие банкрот.

*Насловот е на редакцијата



Претходна статија

Комисијата за дискриминација со препорака до Сашо Тасевски да се извини на бугарската заедница заради говор на омраза упатен кон неа

Следна статија

Македонија меѓу желбите и Унијата

Најново од Ваш став

Во „име“ на народот

Facebook статус на Никица Корубин “Народот” е најприсутен во јавниот говор, деновиве. Сите се повикуваат на

Живот во мит

Fb статус на Никица Корубин Што подразбираме кога ќе кажеме Македонија и Македонски е прашањето со