На 6 мај во Ново Село: Меморијата не обврзува да имаме заедничка европска иднина

//

Денот на храброста на Р. Бугарија, денеска беше одбележан и пред „Бугарските воени гробишта“ во Ново Село, РС Македонија.

Спомен-обележјето, каде што се положени посмртните останки на 71 бугарски војник, се наоѓа недалеку од градот Струмица, во југоисточниот дел на РСМ. Ова е едно од 471 бугарски воени гробишта на територијата на Северна Македонија, каде што се погребани жртвите од Балканската, Меѓусојузничката и од Првата светска војна. Тие потекнуваат од сите области на денешна Бугарија и териториите на Бугарија одземени со Нејскиот договор.

Стотици граѓани и воени претставници од САД, Италија, Хрватска, Велика Британија, Грција и Унгарија, како и многу дипломати дојдоа да им оддадат почит на загинатите бугарски војници. Меѓу гостите беше и европратеникот Андреј Ковачев и градоначалникот на бугарскиот град Петрич Димитар Брчков.

На прославата учествуваа детски оркестри од градот Гоце Делчев, Доспат и Белица. Погребна молитва во спомен на загинатите херои извршија локални свештеници.

Бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов во својот говор истакна дека денес повеќе од кога било треба да ја знаеме историјата.



„Тука се гробовите на 15 жртви од денешна РСМ, има жртви од Егејска Македонија од западните покраини, од Тракија, Добруџа, Косово. Можноста да се борат рамо до рамо со своите браќа под славното бугарско знаме ги обединило за да ги заштитат бугарските свети идеали. За жал тоа се мери со безброј изгубени животи“, рече амбасадорот Ангелов, пренесува БГНЕС.

„Сеќавањето на нашите предци не обврзува, со нашата заедничка историја ние мора да имаме и заедничка европска иднина. Должни сме да надминеме се што не подели, без разлика на тоа што било. Должни сме на споменот на загинатите, пред нашето достоинство, како нивни наследници да надминеме се и да бидеме заедно и во НАТО и во ЕУ. Денеска е ден на почит за оние кои загинаа за обединување, за слободата на татковината, за сите војници“, изјави европратеникот Андреј Ковачев.

На прославата не присуствуваше ниту еден функционер од РС Македонија.

Претходна статија

Крељ: Нема да користиме нуклеарно оружје во Украина

Следна статија

Викендов на Криволак најголемата воена вежба со 4.600 војници од осум држави!

Најново од Вести