Крељ: Нема да користиме нуклеарно оружје во Украина

/

Кремљ во неколку наврати нагласи дека не планира да користи нуклеарно оружје во Украина, а сега тоа го изјави и Алексеј Заитсев, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.

Тој денеска рече дека руско користење на нуклеарно оружје, ризик на кој западни официјални лица предупредија неколку пати, „не е применливо во специјалната воена операција”.

Повеќе западни официјални лица, како и аналитичари, предупредија дека рускиот претседател Владимир Путин, поради неуспехот да го скрши жестокиот отпор на Украинците, би можел да премине на некој вид нуклеарно оружје.



Минатиот месец, директорот на ЦИА, Вилијам Бурнс истакна оти, со оглед на загубите што ги претрпе Русија во Украина, „никој не смее лесно да ја игнорира заканата од можна употреба на тактичко нуклеарно оружје”.

Извор: Temite

Претходна статија

Mалолетник со мотор прегази пензионер во Куманово

Следна статија

На 6 мај во Ново Село: Меморијата не обврзува да имаме заедничка европска иднина

Најново од Вести