|

ПАЦИЕНТИТЕ СМЕСТЕНИ ВО БЕЛГРАДСКИОТ САЕМ НАЈАВУВААТ ШТРАЈК СО ГЛАД

Пациентите кои се наоѓаат во карантин на Белградскиот саем, најавуваат штрајк со глад доколку не им се даде можност за повторување на тестирањето, соопшти  ТВ Н1.

Според телевизијата планот на пациентите е да започнат со штрајк утре.

Во апелот испратен до медиумите пациентите велат дека одговорниот епидемиолог Божидар Љубиќ негира каква било одговорност и не сака да разговара со нив и тие не знаат на каков начин да добијат шанса за повторување на тестот.

Тие додаваат дека никогаш не добиле официјални резултатите од претходно направените тестови.

Слични Објави