НЕМА ДА ИМА РАЗМЕНА НА СПОМЕНИЦИ МЕЃУ АТИНА И СКОПЈЕ
-Не постои никаков предлог за пренесување на „Тркачот“, тоа не нешто неосновано. Освен тоа, скулптурата му припаѓа на градот Атина. Во рамките на една општа дискусија со истакнати грчки уметници, меѓу нив и господинот Вароцос беа разговарани и коментирани многу работи, но не и таков предлог. Јас имам други приоритети, а можноста за размена на споменици или промени на табли припаѓаат на надлежностите на други министерства. Жал ми е за вревата и моралната паника што некои побрзаа да ја демонстрираат, вели министерката за култура на Грција, Мирсини Зорба за АНА-МПА.
Вчера во грчките медиуми се појавија информации за наводна размена на споменици, меѓу Атина и Скопје. Според веќе демантираните информации, „Војнот на коњ“ треба да замине за Атина, а во Скопје треба да пристигне скулптурата „Тркачот“.
