СРЕДБА МИЦКОСКИ-БЈОРНШТАД: МАКЕДОНИЈА ИМА ПРОБЛЕМИ СО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, КОРУПЦИЈАТА И СЕКОЈДНЕВНИТЕ АФЕРИ И СКАНДАЛИ
Вчера, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р. Христијан Мицкоски, заедно со советникот за надворешна политика на претседателот Стефан Андоновски оствари средба со г-дин Арне Санес Бјорнштад на кого му го честита изборот за Специјален претставник за Западен Балкан на Министерството за надворешни работи на Норвешка.
На средбата дискутираа за тешката состојба во Република Македонија, а особено во врска со проблемите со владеење на правото, корупцијата и секојдневните афери и скандали.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја повторил поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја дава секојдневно за добивање датум за преговори со Европската унија и желбата час поскоро да се отпочнат процесите на преговори.