| |

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО ВО ПОСЕТА НА ТУРЦИЈА

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе престојува во Турција, каде ќе има средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Турското МНР вчера соопшти дека тема на разговорите на Столтенберг ќе бидат серија прашања кои се на агендата на НАТО.

Посетата на генералниот секретар на Алијансата беше закажана пред Турција да ја почне воената интервенција во северна Сирија против курдските борци од редовите на Сириските демократски сили.

Турција во средата ја почна воената операција „Извор на мирот“, источно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија со цел да ја обезбеди својата граница преку, како што тврди Анкара, елиминација на терористички елементи.

Извор: Макфакс

Слични Објави