| |

Личи, ама не е…

Facebook статус на Арсим Зеколи

Хистеријата на олигархијските србијански партијски и медиумски кругови во Северна Македонија е навидум диктирана од албанофобија и бугарофобија.

Во реалноста, процентуално, тоа е само 10-15% мотивирано.

Најбитниот аспект е што 80% е анти-НАТО, анти-ЕУ и анти-Западно мотивирано. Албанците и Бугарите се тука како тупан за удирање, но мелодијата е “смрт на НАТО, смрт на ЕУ, доле Запад”.

Ефектот на таа подметачина? Никогаш помало разбирање и подршка во ЕУ и САД за автентичните македонски прашања. Потонати и загушени од србијанските интереси на олигархијата.

Затоа, што повеќе гаранции за македонскиот идентитет, тоа поголема ќе биде галамата на србијанската номенклатура на Скопје.



Слични Објави