| |

Петар Колев пред БНР за тоа какви промени ќе се случат со вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ

Бугарската заедница во Република Северна Македонија нема ниту еден претставник во институциите. Со уставните измени овие именувања мора да се случат.

Ова за БНР го изјави Петар Колев, претседател на партијата Граѓанско-демократска унија во Северна Македонија.

Во парламентот на РС Македонија веќе започна процедурата за вклучувањето на Бугарите во Уставот. Ова е задолжителен услов за Скопје, ако сака да го продолжи евроинтегративниот пат. Но, за промените да станат факт не е доволна волјата на владејачкото мнозинство. Неопходно е да гласаат и за претставници на опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека тоа не би го направиле.

Потребно е квалификувано мнозинство од две третини, објасни Петар Колев во емисијата „12+4“ на БНР. Тој потсети дека во последните 30 години во Северна Македонија се направени клучни промени, диктирани од патот на нејзината интеграција во НАТО и ЕУ, и не би бил изненаден ако тоа се случи и овој пат. Се надеваме дека измените ќе бидат факт до средината на август.

Петар Колев истакна дека Бугарија успеала да ги привлече европските колеги на своja страна, благодарение на напорите пред се на бугарската професионална дипломатија.

„Со оваа промена на Уставот, институциите ќе бидат обврзани да признаат дека денес во Северна Македонија живеат луѓе кои се самоопределуваат како Бугари. ЕУ изјави дека доколку не бидат прифатени уставните измени, РСМ ќе падне во политичка изолација“.

Појасни дека по донесувањето на измените во Уставот ќе биде потребно да се сменат учебниците по историја, да се отворат досиејата на тоталитарните служби и активно да се бори против јазикот на омразата.

„Овие работи произлегуваат од Договорот за добрососедство, кој е дел од преговарачката рамка на РСМ.

Некој во РСМ се обидува да го претстави проблемот со човековите права како проблем на билатералните односи, но тој е универзален. Неприфатливо е да се вршат злосторства од омраза. Овие примери треба да стигнат до европските институции“.

Извештајот за напредокот на РСМ уште еднаш е одложен, потсети Петар Колев.

Целото интервју на Петар Колев за Бугарското национално радио слушнете го на следниот линк.



Слични Објави