ЕВРОПОЛ ПРЕДУПРЕДУВА НА ЛАЖНИ ВАКЦИНИ ЗА КОРОНА
Шефицата на Европол, Кетрин Де Бол, денеска предупреди на опасностите од потенцијални лажни вакцини против коронавирус.
Де Бол рече дека криминалците би можело да се обидат да ја искористат високата побарувачка за вакцина во светот, напиша весникот на германската медиумска групација Функе.
Таа додаде дека официјалните лица веќе забележале конкретни знаци на валкана игра како што се нудење лажни вакцини на социјалните мрежи.
Шефот на европската полиција ги повика потрошувачите да бидат внимателни и дека вакцинацијата со лажна вакцина може да предизвика сериозни здравствени последици.
Таа исто така изјави дека државите мора да бидат подготвени криминалните групи да се обидат да ги украдат нивните дози на вакцини, а Европол ги идентификува потенцијалните жаришта.