Радев: Бугарија не верува на ветувања, потребни се конкретни решенија и гаранции од страна на РС Македонија

//

„Декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати. Само реалните резултати во дијалогот со Бугарија ќе го забрзаат процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија“, изјави претседателот на Република Бугарија Румен Радев, за време на состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, јавува БГНЕС.

Бугарија очекува ефективни акции од страна на институциите на Европската унија за воспоставување на вредностите на демократијата и почитувањето на човековите права во Република Северна Македонија, рече денеска Румен Радев за време на состанокот со Вархеји.

Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на Копенхашките критериуми за членство на Република Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство, кои се суштината на европската соработка, нагласи бугарскиот претседател.

Румен Радев потсети дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија потпишан во 2017 година не се спроведува од официјалната власт во Скопје и се уште не се решени проблемите со говорот на омраза со наметнувањето на лажна слика за Бугарија во учебниците, музеите и спомениците и со правата на граѓаните на земјата кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест.



Заеднички став на Радев и Вархеји е дека во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан и за решавањето на спорните прашања, најважен е директниот и отворен дијалог. Оливер Вархеи ќе ја посети и Република Северна Македонија, каде ќе оствари средби со раководството на земјата.

Румен Радев истакна дека 120.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија се државјани и на Европската унија и Бугарија се потпира на поддршката на европските институции за ефективното почитување на нивните права.

Претходна статија

Весковски ќе поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ за клевета: „Документите се фабрикувани, нецелосни и непотпишани“

Следна статија

Села прифати, се чека потврда од Ахмети – лидерите на албанските партии 15 години без дебата

Најново од Вести