П.КОЛЕВ: ГДУ НЕМА ДА БИДЕ ПРИВРЗОК НА ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ
ГДУ нема да биде приврзок на големите партии, ние нема да им кажуваме на нашите гласачи за кого да гласат, тие се доволно паметни и информирани- рече Петар Колев, претседател на ГДУ во емисијата „Отворено студио“ на 1ТВ, како одговор на прашањето на водителката Јадранка Костова, кој кандидат за претседател ќе биде поддржан од неговата партија. Колев додаде дека идејата за консензуален кандидат е како наместен фудбалски натпревар во кој Брегалница Штип ќе ја победи големата Барселона со 3:О. Претседателот на ГДУ изрази сомневање дали ќе биде достигнат цензусот за претседателските избори. Колев подвлече дека тоа е така поради изборниот модел и измешаните идеологии на поголемите партии.
