„Во Русија нема инфлација, луѓето живеат пребогато, милиони мигранти се борат да влезат во оваа богата држава, која благодарение на изобилството на природни ресурси им обезбедила луксузен живот на своите граѓани. Има прекрасна инфраструктура, како и огромни пензии во споредба со оние во сиромашните земји како Германија и Франција“, напиша на социјалната мрежа Facebook младиот историчар и меѓународен уредник во сајтот Dividend.bg, Кирил Илиев.
„Русија ја добива војната во Украина и наскоро ќе ги тргне од власт укрофашистите и ќе ја денацифицира земјата. Херсон беше предаден од тактички причини. Сега ќе се прегрупираат од другата страна на Дњепар и ќе прегазат сè до Лавов и пошироко.
Никогаш во животот не сум јадел повкусни печурки…“, пишува Илиев.