| |

СПОРЕД ПЕТАР КОЛЕВ НЕДОСТАТОКОТ НА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И НЕПОТИЗМОТ НЕ ОДДАЛЕЧУВААТ ОД ЕУ

Оптимизмот за добивање на датум за преговори на Македонија за влез во ЕУ е намален- рече Петар Колев во емисијата Отворено студио на 1ТВ. Проблемот се наоѓа точно во доцнењето на реформите во правосудството и секако неисполнувањето на препораките на Прибе- додава Колев. Според претседателот на ГДУ, фактот што голем број луѓе избегаа од правдата, а неколку луѓе што боеле за време на Шарената револуција се најголемите криминалци во државата не зборува добро токму за нивото на кое се наоѓа правната држава во нашата земја. Како еден од проблемите што може да ни изигра лоша шега по патот кон Европа, Колев го спомна и непотизмот на новата владејачка гарнитура, која со ништо не е поразлична од своите претходници.

Слични Објави