П.КОЛЕВ ВО ЕМИСИЈАТА ОТВОРЕНО СТУДИО НА 1ТВ:ГО ИМАМЕ НАЈДОБРИОТ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД
Претседателот на Граѓанско Демократската Унија-ГДУ, Петар Колев во емисијата „Отворено студио 1“ на 1ТВ, изјави дека неговата партија го има најдобриот кандидат за градоначалник на Охрид. Колев подвлече дека Михаил Трендафилов Нанче е добро познат на охридската јавност како храбар човек, кој ќе работи чесно и вредно за својот град. Лидерот на ГДУ кажа уште дека токму Трендафилов стои многу добро во веќе спроведените анкети меѓу граѓаните. Колев рече уште дека неговата партија е релативно млада и ги нема ресурсите на двете поголеми партии. Првиот човек на ГДУ беше дециден дека неговата партија ќе предложи нов вид на водење политика по европски терк.