|

ЌЕ СТИГНЕ ЛИ ЕДНА ПЛАТА ЗА ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА?

Нова гардероба, ранци, училишен прибор, се само дел од листата потребни за на училиште , а новата учебна година вообичаено со стариот проблем, колку пари ќе треба да потрошат родителите.

„Па купуваме ранци,тетратки,пенкала.Околу 100 евра ќе не чини за едно дете.Треба и облека да се купи,тренерки,патики…“

„Сѐ што треба купуваме.Тетратки,моливи,ранци.Секогаш е различно,но многу пари трошиме пред почетокот на учебната година“,изјавија родителите.

По обиколката која ја направивме во книжарниците дојдовме до заклучок дека само за купување на училишен прибор родителите ќе треба да одвојат од 2000-3000 денари

„Сите книжарници се подготвени за стратот на новата учебна година и имаме сѐ.Најмногу се тражат ранци бидејќи секогаш првоодделенците се први.Потоа дрвени бои,фломастери,темперни..Имаме фломастери од 50 до 150 денари,дрвени бои од 50 до 100,темперни од 60 до 160,тетратки од 15 до 50,ранци од 650 па до 2000 денари,така да има за секој“,изјави Весна Павловска-вработена во книжарница.

Но,сѐ зависи од списокот на наставниците па затоа се чека на стартот на учебната година велат од книжарницата.

„Сѐ зависи од наставниците како ќе и го дадат списокот.Некои од нив дури не преферираат ни да се купуваат ранци бидејќи учебниците и стојат во училниците,но некои преферираат бидејќи им даваат домашна за дома.Нека не брзаат родителите бидејќи наставникот секогаш им дава список“,изјави Весна Павловска-вработена во книжарница.

Освен училишниот прибор, облеката е задолжителен дел од подготовките за новата учебна година па така родителите се одлучуваат да потрошат најскромно за нова гардероба:

фармерки од 1000-1500 денари

патики, 1500 денари

маица од 300 до 800 денари

дуксер од 500-1000 денари

За сето ова во просек родителите ќе треба да издвојат уште дополнителни 3000 денари по ученик.

Ова ја потврдува математиката на родителите дека за еден ученик им требаат најмалку 100 евра. Имајќи предвид дека повеќето имаат двајца а некои тројца ученици не е тешко да се претпостави дека платата месецов ќе биде само за нив.

Извор: Тв Стар



Слични Објави