СЕ ШТО ЗНАЧИ 24 МАЈ ОД ПЕРСПЕКТИВАТА НА ЕДНА НАСТАВНИЧКА- ПРОЧИТАЈТЕ И РАЗМИСЛЕТЕ

“О ПИСМЕНЕХ” е делото на Црноризец Храбар во кое тој ја објаснува потребата од постоењето посебно словенско писмо и на некој начин ја продолжува борбата против тријазичноста, која ја започнаа Кирил и Методиј со создавањето на словенската азбука. Тие станаа сесловенски просветители, кои заради нивната важност Христијанството ги прогласи за светци. Денес, славејќи го нивниот ден, 11 века подоцна, просветителството на маргините, а буквите повторно ни станаа потреба. Заборавивме да пишуваме, а учителот го симнавме на дното на општеството. Повторно зборуваме за основната писменост, за јазикот, за учителот кој ја изгуби улогата на просветител… Нека ни е честит Денот!, напиша на својот facebook профил наставничката Анита Ангеловска.

Токму на овој ден треба да се запрашаме, како дозволивме учителот да ја изгуби својата улога на просветител, што велите вие?