ПЕНДАРОВСКИ: ДЕЛАТА И ПОУКИТЕ ШТО НИ ГИ ОСТАВИЈА СВЕТИТЕ БРАЌА НÈ ОБВРЗУВААТ ДА СЕ СТРЕМИМЕ КОН ЕДНАКВОСТ
Овој голем празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност, е темел и на македонското јазично, културно и духовно суштествување како рамноправен народ во семејството на словенските народи.
Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да се стремиме кон еднаквост и рамноправност, и да градиме општество со еднакви можности за сите без разлика на род, вера, етникум или која било друга припадност.
Нека ни е честит 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, објави на својата facebook страна претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.
