ПОПЛАВИ ВО ЈУЖНА ЕВРОПА, ЖРТВИ И ИСЧЕЗНАТИ ВО ШПАНИЈА И ФРАНЦИЈА
Еден маж загина, а петмина се водат за исчезнати во поплавите што погодија делови од северо-источна Шпанија. Меѓу исчезнатите се една жена и нејзиниот син, кои биле во кампер кога реката Франколи се излеала од коритото и возилото го повлекла со себе.
Големи поплави се регистрирани и во северна Италија, каде што, според Би-Би-Си, загинале две лица.

