|

Борел: ЕУ мора да биде и воена сила

Конфликтот во Украина јасно стави до знаење дека меката моќ не е доволна, па затоа Европската Унија треба да стане воена сила.

Ова денеска го изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, по пристигнувањето на вториот ден од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

„Она што го научивме од украинската војна е дека тргувањето не е доволно, владеењето на правото не е доволно, не е доволно да се биде добра цивилна сила, ние мора да бидеме и воена сила“, истакна Борел, пренесува ТАСС.

Извор: Темите



Слични Објави