| |

ШАРЕН РЕВОЛУЦИОНЕР ДО ДПМНЕ И СДСМ: ИСТО СМРДИТЕ

„Ги замолувам СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и нивните комуњарски портали да олабават со пропаганда особено онаа во која мене лично ме има. 
Патем, овој случај од сликата која сте ја ставиле е се’ уште во судска постапка. Јас заедно со уште дузина други кои беа уапсени оваа вечер, се влечкаме по судови и сакаат да не’ казнат. Вмровците на кои со ваква пропаганда сакате да им украдете гласови ги пуштивте на слобода. Оние што индиректно ви помогнаа да стигнете таму кај што сте денес во вашите удобни фотељи ги оставивте само по вашите пропагандни фолдери за да ги вадите кога ви е потребно.

Сите исто „гушкате“ и сите исто смрдите.“ напиша Горјан Атанасов, учесник во протестите против владеењето на Никола Груевски, откако СДСМ почна да користи фотографија од неговото апсење за да добива политички поени.

Слични Објави