|

МНР на Бугарија ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија денеска упати итен повик до бугарските државјани кои се наоѓаат на територијата на Исламска Република Иран веднаш да ја напуштат земјата, поради ескалација на тензиите во регионот.

Во соопштението се наведува дека сите бугарски граѓани што имаат потреба да останат во Иран, мора стриктно да ги следат безбедносните упатства на локалните власти, редовно да се информираат за актуелната ситуација, да избегнуваат воени објекти, како и локации каде што се одржуваат јавни собири или има масовно присуство на луѓе.

МНР препорачува на сите бугарски државјани кои се наоѓаат во Иран, во најкус можен рок да го пријават своето местоположба и планираното времетраење на престојот до Амбасадата на Бугарија во Техеран преку телефон или електронска пошта: [email protected].

За контакт со Амбасадата на Република Бугарија во Техеран достапни се следните телефони:
+9821 88775037 и +9821 88775662,
како и е-пошта: [email protected].

Во итни случаи и надвор од работно време, може да се користи мобилниот број: +98 9305683409.

За итни ситуации и барања за асистенција од бугарски државјани во кризни услови, отворени се 24-часовни линии на Дирекцијата „Ситуациски центар“ на МНР на Бугарија:
+359 2 948 24 04,
+359 2 971 38 56,
+359 893 339 616
или на е-пошта: [email protected].

Слични Објави