| | |

(Галерија) Уште еден успешно завршен проект преку програмата Еразмус+ на Фондација „Бугарска памет“ и Здружението за македонско-бугарско пријателство од Битола

Младинската размена, реализирана во рамките на проектот број 2025-1-BG01-KA151-YOU-000297498, кофинансиран преку програмата „Еразмус+“ KA151, успешно заврши. Ова го соопшти Фондацијата Бугарска памет, што го спроведе истиот во партнерство со Здружението за македонско-бугарско пријателство од Битола.

„Настанот обедини млади луѓе заинтересирани за европските теми, дијалогот и меѓукултурното разбирање. Во рамките на последните активности, учесниците присуствуваа на интерактивни сесии и две предавања. Првото, на тема „ЕУ и европската интеграција“, го одржа д-р Младен Ламбев, поранешен координатор на Парламентарната димензија на Бугарското претседавање со Советот на Европската Унија во 2018 година. Второто предавање, на тема „Европските вредности во акција: меѓурелигиска соработка за посилни и обединети заедници“, го презентира Ангелина Владикова, претседател на здружението „Мостови – Источноевропски форум за дијалог“, јавуваат од Фондација „Бугарска памет“.

Организаторите изразија благодарност до сите учесници, предавачи и партнери за нивниот придонес, посветеност и инспирација во реализирањето на проектот.

Слични Објави