| |

Во Бугарија пристигна четвртиот хеликоптер за итна медицинска помош

Во Бугарија пристигна четвртиот хеликоптер наменет за итна медицинска помош по воздух. Новата воздушна амбуланта ќе биде базирана во хангарот на Високото воено воздухопловно училиште „Георги Бенковски“ во Долна Митрополија. Оттаму ќе го покрива поширокиот регион и значително ќе придонесе за развојот на воздушната итна медицинска помош во земјата, соопштија од бугарското Министерство за здравство.

Според информациите, протоколот за примопредавање меѓу бугарската страна и фирмата изведувач треба да биде финализиран до крајот на месецот. По неговото потпишување, ќе следуваат постапки за регистрација и лиценцирање на хеликоптерот, неопходни за негово ставање во оперативна готовност.

До крајот на оваа година се очекува да пристигне и петтиот хеликоптер, а во текот на 2026 година е планирана испораката на последните три.

Во моментов во земјата има шест предвидени локации за бази на хеликоптерите. Еден е позициониран во оперативната база во Софија, два се стационирани во Сливен, а новиот хеликоптер веќе се наоѓа во Долна Митрополија. Останатите ќе бидат распределени во Пловдив, селото Габровница (општина Монтана) и селото Буховци (општина Трговиште).



Слични Објави