|

Трамп воведе нови санкции против Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите против кубанската влада, со цел да се зголеми притисокот врз Хавана.

Новите мерки се насочени кон лица и компании поврзани со безбедносниот апарат на кубанската влада, како и кон оние обвинети за корупција и сериозни прекршувања на човековите права. Санкциите може да опфатат и странски субјекти што работат во клучни сектори на кубанската економија.

Вашингтон со години бара Куба да го отвори државното стопанство, да исплати обештетување за одземени имоти и да организира слободни избори, барања што Хавана ги отфрла.

Слични Објави