| |

ТРИЧКОВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ БЕЗ ПРАТЕНИЧКА ГРУПА ВО НОВОТО СОБРАНИЕ?!

„Еве едно поинакво видување на проблемот на вмро со себе и на нас со вмро:
Тие го сведуваат животот во Македонија на нивниот однос со сдсм, односно со власта и лично со Заев. Разбирливи се интересите на опозицијата да ја освои власта, но тоа никогаш нема да може да го стори ако на самата аспирација не додаде нешто со што ќе покаже дека го респектира богатството на животот. Дури, на некое минимално ниво, и самата власт, независно од сите критики. Без тоа тие не се ништо друго туку една пучистичка партија, партија која според самата самопрофилација се исфрлува од демократскиот и од правниот поредок. Надвор се од политичката игра. Самопрогонети. Второ, во таквата конфигурација тие прават тотално поистоветување на партиските со општите интереси, и сите што се надвор од тој светоглед ги прават предавници, кандидати за затвори или, можеби, за логори. Тие инсистираат да ги спасат од затвор своите криминалци така што сите други ќе не затворат. И еве не затвораат. Што е безобразлук, политичка поза која преминува во интензивен терор. Скотови. Но, гледајте, ако се искрени декларациите на извршната и на правосудната власт дека секој што го прекршил законот ќе одговара, јас не верувам дека ќе се најдат повеќе од три-четворица вморони што ќе останат на слобода. Сите да добијат пратенички мандати на следните избори, нема да можат да формираат пратеничка група“, напиша на својот facebook профил новинарот Бранко Тричковски.

Слични Објави