| |

ПЕТАР КОЛЕВ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев, упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица:

„Почитувани, од мое име и од името на Граѓанско Демократска Унија ви го честитам еден од најголемите христијански празници, Успение на Пресвета Богородица. Нека Мајката Божја го чува нашиот народ и нашата држава и нејзината милост нека го покрие целиот христијански народ! Да бидеме скромни и горди во денешното празнување и да се сплотиме околу заедничките вредности што носат мир, меѓусебна почит и напредок за сите. Славејќи го денешниот голем празник ве повикувам заедно да се насочиме кон праведноста и добрината, да научиме да простуваме, да бидеме хумани и да споделуваме радост, но и да ги почитуваме највисоките морални вредности.
Нека ни е честит и вековит празникот!“

Слични Објави