ШИЛЕГОВ: ВАРДАР МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ГРАДОТ БЕЗ ДОЛГОВИ, КАКО ШТО БЕШЕ ЗЕМЕН ОД САМСОНЕНКО ПРЕД 6 ГОДИНИ

„Во овој момент она што го имам како сознание e дека ФК Вардар е должен, односно сопственикот на Вардар е должен над два милиони евра. Секој добар совет како да влезат, кој што ќе значи влез на два милиони евра во касата на ФК Вардар јас ќе го прифатам. Вардар може да биде вратен на градот само со нула долгови, онака како што Сергеј Самсоненко го зеде пред шест години“, рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во синоќешното гостување на ТВ21.