Романскиот авион од воздух ќе го гаси и пожарот во Општина Петровец

/

Романскиот авион денеска ќе интервенира на пожарот во село Дивје на местото викано Крушје во Општина Петровец кој се префрли на скопска територија од Општина Велес. Ова, како што истакна помошникот раководител на Центарот за управување со кризи Марија Милкова на денешната прес-конференција, е договорено на денешната координација во Главниот штаб.

Авионот ќе дејствува во повеќе наврати  со цел да се локализира пожарот. Би сакала да апелирам до корисниците на дронови, кои ги користат во областите каде има големи пожари, деновиве да не ги користат од безбедносни причини во воздушните простори каде имаме пожари, бидејќи им сметаат на воздухопловите кои ги гасат пожарите. Можат да добијат дозвола да ги користа во местат каде е безбедно, рече Милкова.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

(Видео) Теодосиј Спасов: Меѓу Бугарите и Македонците има духовно братимење

Следна статија

Кумановскиот регион е безбеден, засега нема активни пожари во Старо Нагоричане

Најново од Вести