ЛАВРОВ: НЕМА ДА СЕ МЕШАМЕ ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ ВАШИНГТОН И ТЕХЕРАН

Москва е подготвена да помогне во започнувањето дијалог меѓу Вашингтон и Техеран доколку двете страни се заинтересирани за тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој додаде дека Русија нема да се меша во односите меѓу САД и Иран, пренесува ТАСС.

„Атентатот врз Касем Сулејмани командант на специјалните сили Ал-Кудс во Багдад, ги надминува сите меѓународни правни и човечки рамки“, дециден е Лавров.