| |

Ноев: Бугарија мора да даде воена помош на Украина, Москва работи против нас во однос на РС Македонија

„Неколку пати повикувам парламентот да направи парламентарна комисија за дејноста на руските тајни служби во Бугарија“, изјави во утринската програма на БТВ, Бојко Ноев експерт по национална сигурност и поранешен министер за одбрана на Бугарија.

„Експлозиите во воените заводи, тровењето на бугарски граѓани итн. Во Бугарија се води вистинска војна“, вели Ноев.

Ноев го коментира и повикот на шестмина поранешни министри на одбраната Бугарија да испрати воена помош за Украина. Според него Бугарија може да даде муниција и други слични производи што Бугарија ги има во изобилство.

„Бугарија треба да даде не само заштитни панцири и шлемови. Бугарија треба да даде се што е неопходно на украинската армија. Ако Украина капитулира, ако нема можност да се одбрани, тогаш ние ќе треба да одлучиме што ќе правиме со прашањето за санкциите“, вели Ноев.

Ноев подвлече дека тврдењето на премиерот Петков, дека 84% од народот на Бугарија е против да се даде воена помош Украина е лага бидејќи нема таква анкета. И го повика бугарскиот премиер да не се крие позади народот, бидејќи така од страна излегува дека народот е против Украина.

Поранешниот министер за одбрана потсети дека токму Русија работи против бугарските интереси и во однос на РС Македонија, бидејќи Москва е на иста страна со просрпските сили против Бугарија.

Видеото со целото интервју можете да го погледнете овде.

Слични Објави