| |

Ковачев: Петков не е подготвен и не ја разбира темата Македонија, подготвен е да изврши национално предавство

Петков е апсолутно неподготвен, не ја разбира темата, тој е очајно површен и е подготвен да изврши национално предавство.

Ова го изјави европратеникот Андреј Ковачев по повод последните изјави на премиерот Кирил Петков за односите меѓу Бугарија и РС Македонија, јавува БГНЕС.

Вчера Петков го кажа следново: Сакам да упатам апсолутно јасна порака до сите Бугари и народот од Северна Македонија – работиме многу координирано со Ковачевски, со многу фокусирани рокови. Поставивме неколку пресвртници кои треба да се постигнат. РСМ што поскоро ќе има место во европското семејство. Нашата влада е посветена да го постигне овој резултат што е можно побрзо. Има неколку пресвртници што треба да ги расчистиме, вклучително и заштита на правата на малцинствата

„За каква експедитивност од бугарска страна зборува Петков, за какви малцинства зборува овој човек, какви меморандуми ќе потпише, каков напредок има направено историската комисија, дали МНР учествува во преговорите или е изолирано, кој воопшто „преговара“? праша Ковачев. Ова се празни приказни, но овој човек може да и направи голема штета на нашата татковина за многу долго време! Дефинитивно не треба да го дозволиме ова предавство!

Според европратеникот, „во Скопје станале страшно дрски, затоа што Петков ги уверил дека ќе ги пушти“! „Да го кажеме отворено: Петков е апсолутно неподготвен, не ја разбира темата, тој е очајно површен и е подготвен да изврши национално предавство“, додава Ковачев.

Слични Објави