СРБИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ: ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА Е ПОТРЕБЕН НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19
Од денеска може да се патува во Србија, но за сите патници, според одлуката на владата задолжителен е тестот за корона вирусот кој мора да биде негативен.
Во функција повторно е ставен и меѓународниот аеродром во Белград, „Никола Тесла“.
Српската влада, ваквата одлука ја донесе по препорака на Кризниот епидемиолошки штаб, кој вчера оцени дека во земјата епидемиолошката состојба е стабилна.