ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, ОПЛОДИ МЕ!!!
Сѐ тече, сѐ се менува. Диктаторот Гујо замина, и освен што он е на безбедна дистанца од нас, и неговите најблиски ортаци се спасија од чеканот на правдата, можеме да кажеме и дека неговите тактики за обработка на широки маси стануваат демоде. Имаме нов прототип на идеопоклонатво кое сеа се граничи со оргазмични воздишки кон своите идоли, политичари. Нешто као у амерички филм. Некоја си тетка паѓа у транс, зборува ко да е супер зен состојба, а политичарот од спроти клима со глаата. Драмите и кулминациите ги завршуваат спонтаните аплаузи на сите оние од околу, кои делуваат као трогнати од големите мисли. Бај бај Гујо! Ти своите мајмуни ги тераше да се потпишуваат у тефтери и да пријават присуство со матичен и телефонски број, фатени за раче, оградени у кафез. Сеа откако дојде демократијата, масите мора да изглумат добар оргазам а публиката тоа да го испрати со лабав аплауз.
Каков пример ќе добијат идните генерации од овие прототипи? Дека треба да се поклонуваат на своите лидери и да ја докажат со емоција својата оданост кон партијата! Одјебете вие школовани кадри. Вие талентирани деца кои немате талент да им заплачете на политичарите. Ја сум убеден дека овие што ронат солзи и воздишки, набрзо ќе се најдат на некое фино работно место, затоа што својата диплома ја заверија со лигавење, пред ТВ камери, на старт на политичка кампања. У меѓувреме, ќе бледеат приказните за Мерџото, бројчаникот, за Тамарите, и за нашите црни субстандарди, за кои се понадевавме дека се минато. Јок. Имало и нешто појако од Брионот. Ми светна у глаа како плачат спикерите на тоа вестите у Северна Кореја. Е уште до таму не сме стасале. Има време! Талентирани сме за станување амеби. Враќањето кон човечката сорта не ни иде баш најдобро.
Оргазмот се глуми под исти мотив. И во љубов и во политика. Ние кои тоа не знаеме да го праиме ќе мора да се потргнеме и од оваа нова техника. Порано не не бивало за тапшање по јајца, лепење плакати, денес не не бива ни за свршавање пред политичарите. Еби му мајката. Промашени биолошки форми за ова поднебје. Се што ни останува е да кењаме на белиот лист, и да се утешиме дека иаме свои истомисленици. Горди луѓе, малцинство, кое ќе си почека за друга форма на докажување на квалитет. Ние едноставно не сме за во овој ринг…
Автор: Булеварко

