| |

Захариева: Бугарите се дел од реалноста во РСМ и тоа мора да се прифати

РС Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколку сака да започне преговори за влез во Европската унија. Ова за БГНЕС го изјави заменик-претседателката на ГЕРБ Екатерина Захариева, коja e заменик-претседател на Комисијата за надворешна политика во 49. Народно собрание и поранешен министер за надворешни работи (2017-2021).

Повод за нејзиниот коментар е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ. Ова е едно од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“ што властите во Скопје се согласија да го спроведат пред да започнат суштинските пристапни преговори.

Захариева ги повика „македонските соседи и пријатели да не се плашат од промените“.

„Измената на Уставот на РСМ не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во РСМ и тоа мора да се прифати“, потенцира Захариева.

Таа е категорична дека е корисно за двете земји да отворат нова страница во односите. „И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв“, рече Захариева.

Истовремено, таа потсети дека за сето ова да се случи Скопје мора да ги исполни условите од преговарачката рамка и да прифати дека Бугарите се дел од РСМ.

„Мора да се прекине дискриминацијата врз Бугарите, како и неодамна зачестените случаи на физичко и вербално насилство. И сето тоа е добро за РСМ и за граѓаните на оваа држава, тие самите да се чувствуваат добро во својата татковина, а не да се иселуваат“, вели Екатерина Захариева.

Слични Објави