МНР на Бугарија: Го следиме случајот со уапсените бугарски државјани во Велика Британија
Министерството за надворешни работи на Бугарија го следи случајот со тројцата бугарски државјани приведени во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија, соопштува МНР на Бугарија.
„Во врска со информацијата објавена од Би-Би-Си за тројца бугарски државјани приведени во Велика Британија под сомнение за шпионажа во корист на Русија, ве известуваме дека властите во земјата се уште не стапиле во контакт со Амбасадата на Република Бугарија во Лондон. велат од бугарското МНР.
Од МНР на Бугарија потсетуваат дека локалните органи на прогонот го известуваат дипломатското претставништво за приведувањето на бугарски државјанин само по изрично барање на приведеното лице.
„Во оваа смисла, во случај на изразена неподготвеност од страна на релевантниот бугарски државјанин, нашите дипломатски претставништва не добиваат информации за неговото приведување. Министерството за надворешни работи останува во постојан контакт со бугарската амбасада во Лондон и го следи случајот“, соопштуваат од МНР на Бугарија.
