Американски борбени авиони ќе го чуваат небото над Бугарија

//

Американски авиони ќе бидат дел од заедничката воздушна одбрана на Бугарија. Ова го соопшти бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков.

Учеството на американски авиони во чувањето на бугарското небо е договорено со Пентагон за време на последната посета на министерот Заков во САД.

Бугарскиот министер за одбрана ја даде оваа изјава на полигонот Црнча во Бугарија, каде што се одржува меѓународна вежба на силите за специјални операции на Бугарија, САД, Романија и Грузија.

На воената вежба присуствуваше и амбасадорката на САД во Бугарија Херо Мустафа.



Претходна статија

Нешков: Вселенската патријаршија ја врати македонската црква на Србите

Следна статија

(Видео)Петков: Секоја криза е можност, верувам дека ќе успееме да одговориме на предизвиците

Најново од Вести