ТАЛАТ ЏАФЕРИ ВО ДВОДНЕВНА ПОСЕТА НА СРБИЈА

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре до 24 мај 2018 година, ќе биде во официјална посета на Република Србија. Во рамки на официјалната посета, претседателот на Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претседателот на Народното Собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, со претседателот на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ и со членовите на Групата за соработка во Народното Собрание на Република Македонија. Џафери ќе биде придружуван од членовите на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Србија Иван Стоиљковиќ, кој е претседател на групата, и  од членовите Илија Николовски и Мирсада Емини.