ТЕСТ: ОДБЕРЕТЕ СИ РУЖА И ПРОЧИТАЈТЕ ШТО КАЖУВА ТОА ЗА ВАС

Ако мораме да бидеме апсолутно искрени, мораме да признаеме дека сите ние носиме некаква „маска“. И понекогаш толку се навикнуваме со оваа маска и заборавиме што навистина се крие под неа. Погледнете ги ружите. Која од нив ви предизвика најголемо внимание? Дали сте подготвени? Ајде сега видете што значи тоа:

1. Класичната црвена ружа значи дека вие иако се покажувате како силна и независна жена позади оваа маска се крие жена со длабока чувствителност, нежност и ранливост. Жена која бара маж кој ќе  ѝ дозволи да биде слаба од време на време.

2. Зелената ружа покажува дека сте жена која сите ја бараат кога се соочуваат со проблем. Жена која може да инспирира сила и верба во другите. Жена која ги тера другите да се насмеат дури и во нивниот најлош ден. Но длабоко во вас сепак вие сте една жена што понекогаш и треба некој кој ќе ја „наполни“ со позитивна енергија. Некој кој ќе се грижи за неа. Некој кој ќе ја охрабри. Жена која е секогаш таму за останатите но која потајно чека да биде таму некој и за неа.

3. Ружата во бледорозова боја зборува за нежност, ранливост, емпатија, загриженост, способност за соживување со тажните и радосни моменти на луѓето околу себе.  Но оваа ружа зборува и за друго – зборува за тоа дека често заборавате на себе на вашата вистинска вредност, дека сте склони да се потценувате и да се сомневате во себе. Изборот на оваа ружа покажува дека е крајно време да се погледнете во огледало и да се сетите која сте и колку сте прекрасна.

4. Шарената ружа покажува дека сте лице кое секогаш е душата на друштвото. Оној човек кој секој го сака. Лице со силно влијание и силна харизма. Но, под површината лежи лицето кое го знае чувството на болката… Личност која ги разбира другите и  често се чувствува погрешно разбрана. Вие сте човек опкружен од „следбеници“ и поддржувачи, но сепак често се чувствувате осамени. Вие имате срце кое многу знае да сака и скоро секогаш е повредено.

5. Жолтата ружа е знак дека сакате да планирате сè однапред. Сакате да ја замислите иднината и да изградите планови за тоа. Но, вистината е дека зад сето ова лежи неможноста да се живее во сегашноста, да се доживее сегашниот момент. Зошто? Само затоа што сте идеалист и перфекционист. И заборавате дека ништо во животот не е совршено. Заборавате и планирате, обидувајќи се да создадете совршена иднина. Сѐ што треба да направите е да се нурнете во сегашноста. Бидејќи животот е токму сега…

6. Сината ружа покажува дека сте човек кој ги сака предизвиците; кој не се плаши од одговорностите; кој има визија и во исто време неверојатен потенцијал да ги претвори своите идеи во реалност. Но … сината ружа значи и дека сте човек кој е навикнат да се справува сам и не сака  и не бара помош од никој. А понекогаш мора. Бидејќи ние всушност сме луѓе и треба да си помогнеме. Да си пружиме рака.  И нема ништо лошо ниту срамно во тоа.