Отворено писмо до првиот човек на Државниот завод за статистика Апостол Симовски

/

Пишува: Виктор Стојанов, Фондација Македонија

Господине Симовски, знам дека во Вашиот „завод“ произведувате статистики, што вклучуваат во себе многу инжинеринг и искрено му благодарам на оној што ја именувал Вашата статистистичка служба „завод“- коректно и точно.

Но си мислам г-не Симовски дека патите од професионална деформација (таа појава се набљудува често кај работници што работат во заводи) и механички се искажувате во однос на едно реално и хуманитарно прашање поврзано со чувството за етничка припадност на десетици илјади, Ваши сонародници, кои деновиве се борат со еден страв, кој 5 генерации пред Вас се гради и надградува.

Ја разбирам Вашата челична заводска натура, но Ве замолувам да приоѓате почовечки кон тоа толку деликатно прашање- пописот и Бугарите во него. Ми се чини дека ја подценувате бугарската држава и служби, имајќи го предвид фактот, која компанија го произведе и менаџира софтуерот на Попис 2021. Најверојатно затоа велите дека било глупост да се знае во моментот некаква приближна бројка на попишаните како Бугари, Ваши сонародници.

Ве молам не не подценувајте и нас од Фондација Македонија, бидејќи ние имаме луѓе во Вашиот близок круг, да, Вие сте добар менаџер, но имајте предвид дека РС Македонија е земја, од која информациите течат како од кофа со 11 дупки. Се изнаслушавме низ годините на записи со Ваши државни раководители од оваа или онаа афера.

Со најдобри намери, се обраќам кон Вас, бидете така добар да им се извините на Бугарите во РС Македонија, за своите зборови, да не создавате во нив додатен страв и да ја подценувате ситуацијата со Попис 2021 г.



На моите сонародници од РС Македонија сакам да им порачам дека ние сме со вас и вашата држава ќе се демократизира и во неа ќе завладее правото. Истата ќе ги чува вашите граѓански и етнички права!

Претходна статија

Што ќе ни донесе 17 октомври и што после тоа?

Следна статија

Роден ли е новиот Батенберг?!

Најново од Ваш став