БРАНКИЦА ДИМИТРОВСКА ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ВТОР РЕД
Почитувани наши сограѓани,Пратеници,Министри ,Влада и Опозиција
НИЕ СЕКОЈДНЕВНО ЖИВЕЕМЕ СО НАШИОТ ХЕНДИКЕП , БЕЗ КОМПЛЕКС НА НИСКА ВРЕДНОСТ.. НО СИСТЕМОТ ВО ДРЖАВАТА НИ ГО ПОДРЕДИВТЕ ТАКА ЗА ДА БИДЕМЕ И СЕ ЧУСТВУВАМЕ КАКО ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД … ДУРИ И ПОКРАЈ ПРОПИШАНИТЕ НОРМИ ЗА КОИ МАКЕДОНИЈА ЈА ПОТПИША МЕГУНАРОДНАТА КОНВЕНЦИЈА во 2011Година ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП -КОИ ДРЖАВАТА СЕ УШТЕ НЕ ГИ ИСПОЛНУВА .!!!!
Имено,Во поглед на капацитетите на инситуциите и организациите на лица со хендикеп, постои ниско разбирање за затворање на ова прашање и покрај тоа што сите се соочуваат со овој проблем. Лицата со хендикеп и организациите на лица со хендикеп, од недоволна информираност не знаат каде да се обратат во случај на дискриминација по ова прашање и не знаат дека правото на пристапност е загарантирано право, ниту пак локалните и државните власти имаат познавања за стандардите и обврската дека секој објект мора да биде целосно достапен и пристапен (а не делумно пристапен). Правото на достапност од перспектива на лицата со хендикеп e ОСНОВНО ЗАГАРАНТИРАНО ЧОВЕКОВО ПРАВО А НЕ БЕНИФИЦИЈА .
Македонија во 2011 ја ратификуваше Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. Со тоа и се обврза дека ќе работи на унапредување на состојбата на лицата со хендикеп и нивниот независен живот. Една од обврските на државата и општините е да се обезбеди целосна пристапност и достапност, како на самата инфрструктура така и на информациите и на сервисите. Дополнително необезбедување на пристапна ифраструктура е чин на дискриминација согласно законот за заштита од дискриминација. И покрај донесените закони за ова прашање и ратификувањето на Конвенцијата, сепак прашањето за пристапност е на незавидно лошо ниво. На локално ниво, урбанистичкото планирање, издавањето на одобренија за градење е регулирано со Законот за локална самоправа. И покрај постечкото решение, во истот не е регулирано прашањето на пристапна и достапна средина.
Во поглед на капацитетите на инситуциите , постои ниско разбрање за решевање на ова прашање и покрај тоа што сите се соочуваат со овој проблем. За потемелно решавање на овој со години наталожуван и во голема мерка игнориран проблем од страна на сите изминати власти вклучувајки ја и сегашната власт потребно е многу повеќе време . Токму поради тоа, ние лицата со хендикеп преку интензивирање на прашањето за пристапност, очекуваме поголем слух и попристапни умови од страна на надлежните како најодговорни за примена и почитување на правото за достапност. Политичарите наши сограѓани треба да знаат дека за влез ЕУ ќе треба повеке да се потрудат и околу ова прашање како и сите други права, почитувајки ги европските вредности за кои со години така милно ги изговараат а кога ќе ги спомнеме ,сите одговараат сложно како во хор “ДРЖАВАТА НЕМА ПАРИ “
Со почит ,Вашите сограѓани од втор ред.
Автор: Бранкица Димитровска
