| |

ВМРО-ДПМНЕ: „ЧАГАТАЈ КАБЛО“ УШТЕ ЕДНА ИНВЕСТИЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СО КОЈА СЕ ФАЛИ ЗАЕВ

Зоран Заев и криминалниот картел повторно се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Инвестицијата на чие отворање денес ќе присуствува Заев е инвестиција која е договорена и донесена во Република Македонија од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а е резултат на успешните економски политики.

Договорот за инвестирање на „Чагатај Кабло“ е потпишан на 18 мај 2017 година, од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а е резултат на подолг процес на разговори и преговори.

„Чагатај Кабло“ е дојдена и како добавувач на материјали на „Ван Хул“ , се вели во соопштението на политичката партија  ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и криминалниот картел повеќе од една година немаат ниту една нова инвестиција, а економските параметри се очајни. Раст на БДП немаме, капиталните инвестиции за 7 месеци се едвај 21%, задолжувањето е огромно, а стандардот на граѓаните се помал. Единствена светла точка се инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од една година откако СДСМ е на власт уште се влече на проектите и делата на ВМРО-ДПМНЕ.

Успешните економски мерки кои ги имплементира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се препознаени од целиот западен свет, а резултираа со инвестиции на десетици мултинационални компании и десетина илјади нови работни места.

Мерките кои Заев ги напаѓаше од опозиција сега ги презентира како свои и се фали на секаде низ светот.

Зоран Заев и СДСМ повеќе од година дена немаат направено ниту еден проект, тие само ја разградуваат државата и ја уништуваат иднината на генерациите кои доаѓаат. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат.

Слични Објави