| |

НЕМА МЕСТО ЗА РОДИТЕЛИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ЈОРДАН ХАЏИКОНСТАНТИНОВ-ЏИНОТ“ НА ОТВОРЕНАТА СЕДНИЦА НА КОЈА СЕ ОДЛУЧУВАЛО ЗА УЧИЛИШТЕТО

До нашата редакција стигна информација дека представници на родителите на ученици од ООУ „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ не биле допуштени до отворената седница на Општина, на која се донела и одлуката за фузирање на ова училиште и училиштето ООУ „Благој Кирков“.

Список на незадоволните родители.

Од сигурен извор дознаваме дека се стигнало до туркање и бркање на родителите, од страна на вработен во Општината. Нашиот извор нѐ информира дека избрканите родители успеале да се сретнат со заменик министерот за образование Петар Атанасов, кој ги сослушал родителите. Тие од градоначалникот Коцевски побарале објаснување на кој начин ќе се изведе спојувањето, каде и во какви паралелки ќе учат децата, кои ќе бидат нивните класни раководители и наставници. Друг проблем според родителите е дали училниците се доволно големи за да сместат 30 ученици. До нашата редакција се испратени и фотографии на кои јасно се гледа дека бројот на незадоволните родители не е мал, како што рекол градоначалникот Аце Коцевски.

 

Слични Објави