БЛЕРИМ РЕКА: МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ РЕПУБЛИКА КОГА СО НЕА ЌЕ ЗАВЛАДЕЕ ПРАВОТО, А НЕ ПОЕДИНЕЦОТ
Кандидатот за претседател на Алијанса на Албанците и тетовското крило на движење Беса, проф. Блерим Река истакна дека Македонија е држава, но не е република. Според него Македонија ќе стане евроатлантска и мултикултурна република, кога со неа ќе завладее правото, а не поединецот. Река истакна дека во неговиот концепт нема место за амнестија за криминал и непотизам во администрацијата.
Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села го нарече проф. Река вистинскиот консензуален кандидат за претседател, бидејќи се кандидирал за претседател не поради ангажман кон политички партии, туку за да работи за доброто на нашите деца.
Својата поддршка за професорот Река ја искажа и претседателот на тетовското крило на движењето Беса, Билал Касами, кој истакна дека Река не е член на ниедна политичка партија и сите македонски граѓани ќе ги гледа како рамни и без да врши поделби.